Захарија 13:7-9
Захарија 13:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
О, мечу, пробуди се против Мојот пастир и против Мојот ближен, вели Господ Саваот: удри го пастирот, и овците ќе се распрснат! И Јас ќе ја свртам раката Своја против слабите. И по целата земја, вели Господ, два дела од неа ќе бидат истребени, ќе изумрат, а третиот ќе остане. И тој трет дел ќе го минам низ оган, и ќе ги пречистам како што се пречистува сребро, и ќе ги проверам, како што се проверува злато; тие ќе го повикаат името Мое, и Јас ќе ги чујам; ќе речам: „Тоа е Мојот народ“, а тие ќе речат: „Господ е наш Бог!“
Захарија 13:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Разбуди се мечу, против мојот пастир, против човекот, мојот роднина - говори Господ над Воинствата. Удри го пастирот, и овците ќе се разбегаат! Ќе ја свртам раката против слабите, и во целата земја - говори Господ - ќе бидат истребени две третини, а една третина оставена. Таа третина ќе ја поминам низ оган, ќе ги очистам како што се чисти среброто, ќе ги очистам како што се очистува златото и тие ќе го повикуваат Моето име, а Јас ќе им се одѕвијам; и ќе речам: ‘Тоа е Мој народ!’ а тие ќе речат: ‘Господ е мој Бог!’“