Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Захарија 1:1-6

Захарија 1:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

На осмиот ден, во втората година на Дариј, дојде слово Господово до пророкот Захарија, синот Берехиев, син на Идо, велејќи: „Се разгневи Господ на татковците ваши со голем гнев; затоа кажи им – вака вели Господ Саваот – Вратете се кон Мене, – вели Господ Саваот – И Јас ќе се вратам кон вас. Не бидете како што беа предците ваши, кон кои викаа поранешните пророци, велејќи им – ‚Вака вели Господ Саваот: одвратете се од лошите работи свои!‘ Но тие не послушаа, ниту внимаваа на Мене, вели Господ. Каде се сега предците ваши? А и пророците, зар тие вечно ќе живеат? Но зборовите Мои и наредбите Мои, што им ги заповедав на слугите Мои, пророците, зар не ги постигнаа предците ваши? И тие се обраќаа и велеа: ‚како што беше определил Господ Саваот да постапи со нас според пати­ш­тата наши, и според делата наши, та­ка и постапи.‘“

Захарија 1:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Во осмиот месец на втората Дариева година му дојде Господово слово на пророкот Захарија, синот Варахиин, синот Идов. „Господ се разгневи тешко на вашите татковци! Затоа речи им: ‘Господ над Воинствата зборува вака: „Вратете се кај Мене и Јас ќе се вратам кај вас - говори Господ над Војските. Не бидете како вашите татковци, кои ги повикуваа некогашните пророци, велејќи: ‘Господ над Воинствата вели вака: „Вратете се од Своите лоши патишта и од лошите дела.“‘ Ама тие не слушаа ниту пазеа на Мене - зборува Господ. Каде се сега вашите татковци? Зар ќе живеат довека пророците? Ама Моите зборови и одредби, што им ги наложив на Своите слуги пророците, не ги стигнаа ли вашите татковци?“ Тие се обратија и признаа: ‘Господ над Војските направи со нас како што намислил да направи според патиштата и нашите дела.’„‘“