Тит 3:9-11
Тит 3:9-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Одбегнувај расправии околу глупави прашања, не препирај се околу родословијата и Мојсеевиот Закон. Од тоа нема никаква полза; само залудно ќе си го губиш времето. Оние што изопачено ја проповедаат верата, предупреди ги еднаш, двапати, а потоа остави ги. Знаеш дека тие се изопачени и со своите гревови самите си се осудиле.
Тит 3:9-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А од глупави распрашувања и родословија на племињата, од препирки и расправии, по однос на Законот, клони се, зашто се бесплодни и празни. Бегај од човек раздорник, откако ќе го посоветуваш еднаш или двапати, знаејќи дека таков човек се изопачил, греши и дека се осудил сам себеси.
Тит 3:9-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А избегнувај ги: глупавите распрашувања, родословијата, расправиите и препирките по однос на Законот, зашто се неполезни и суетни. Избегнувај човек кривоверец, по првото и второто опоменување, знаејќи дека таквиот човек се изопачил и дека греши, та се осудил сам себеси.