Тит 3:1-3
Тит 3:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потсетувај ги луѓето да им се покоруваат на властите и управниците и да бидат послушни. Секогаш да бидат подготвени да прават добро. За никого да не зборуваат лошо и да не се караат со луѓето, туку да бидат пријателски настроени и кротки спрема сите. Порано и ние бевме неразумни и непокорни, одевме по погрешниот пат, бевме робови на грешни страсти и на секаков вид телесни задоволства. Бевме злобни, завидливи и исполнети со омраза. Се мразевме еден со друг.
Тит 3:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Напомнувај им да се покоруваат на началствата и властите, да бидат готови за секое добро дело, никого да не хулат, да не се караат, туку да бидат мирни, и да покажуваат секаква кроткост кон сите луѓе. Бидејќи и ние некогаш бевме неразумни, непокорни, заблудени, бевме робови на желби и на разни сладострастија, живеевме во злоба и завист, бевме одвратни, се мразевме еден со друг.
Тит 3:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Напомнувај им да им се покоруваат на началствата и властите, да бидат послушни, да бидат готови за секое добро дело; никого да не хулат, да не се препираат, да бидат благородни, покажувајќи секаква кротост кон сите луѓе. Зашто и ние бевме некогаш неразумни, непокорни, скитници, робови на разни страсти и задоволства, живејќи во зло и завист, мразени и мразејќи се еден со друг.