Тит 1:7-9
Тит 1:7-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Неопходно е оние што се надзорници во црквата, како Божји управители, да немаат пороци, да не бидат самовљубени и избувливи, да не бидат пијаници, зајадливи, ниту да бидат алчни по нечесна заработка. Тие треба да бидат гостољубиви, да го сакаат доброто, да бидат разумни, правични, побожни луѓе што умеат да се контролираат. Мора да се придржуваат до правилното учење. Така ќе можат да им помогнат и на други луѓе, проповедајќи им здраво учење, и ќе можат да ги изнесат на виделина грешките на оние што му се противставуваат на правилното учење.
Тит 1:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидејќи епископот, како Божји распоредник, не треба да е порочен, ни гневлив, ни пијаница, ни тепач, ни лаком за гнасна печалба, туку гостољубив, доброљубив, трезвен, справедлив, свет, воздржлив; кој се придржува до вистинското слово, онака како што е научен, та да биде силен и да поучува во здравото учење, и да ги побива оние кои се противат.
Тит 1:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
зашто епископот како Божји домоуправител треба да биде непорочен: не самољубив, не гневлив, не пијаница, не тепач, не лаком за срамна печалба, туку гостољубив, пријател на доброто, разумен, праведен, благочестив, воздржлив, кој се држи цврсто за верното слово, согласно со науката, за да може и да опоменува во здравата наука и да ги изобличува оние кои се противат.