Песна над песните 8:8-14
Песна над песните 8:8-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Хорот: Имаме сестра, која е уште мала: уште нема гради; што ќе правиме со сестрата наша, ако дојдат по неа сватови? Да беше карпа, ќе изградевме врз неа и дворци од сребро; да беше врата, ќе ја обложевме со кедрови штици. Возљубената: Јас сум тврдина, а градите мои се кули; затоа во очите негови јас станав како онаа што нашла мир. Хорот: Соломон имаше лозје во Баал-Хамон; тој им го предаде тоа лозје на чувари; секој беше должен да даде за плодовите негови по илјада парчиња сребро. Возљубената: А моето лозје си е кај мене. Илјадата нека се за тебе, Соломоне, а двесте – за чуварите на плодовите негови. Возљубениот: Жителко на градините, другарите го слушаат гласот твој. Дај и јас да го послушам. Возљубената: Побрзај мил мој, и биди како срна и како еленче по гори мирисни!
Песна над песните 8:8-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Имаме мала сестра, која уште нема гради; што ќе правиме со нашата сестра, кога ќе стане збор за неа? Ако биде како ѕид, ќе изградиме врз него сребрен дворец; ако биде како врата, ќе ја обложиме со кедрови даски. Јас сум ѕид и моите гради се стражарници, затоа јас ќе бидам во неговите очи, како онаа што достигнала до полнота. Соломон има лозје во Вал Амон; им го даде на чуварите и секој треба да донесе за неговите плодови илјада сребреници. Моето лозје е пред мене: а Соломоне, за тебе илјада, а двеста на оние што ги чуваат плодовите. О ти, која живееш во градините, другарите го слушаат твојот глас, дај и јас да го чујам. Побрзај, возљубен мој; биди како срна и како еленче во мирисливите гори!