Римјаните 8:3-4
Римјаните 8:3-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Мојсеевиот Закон не можеше да не спаси, поради грешната човекова природа. Но тоа што не можеше да го стори Законот, го направи Бог. Тој Го испрати Својот Син во тело слично на грешните човечки тела. Жртвувајќи Го Својот Син за нашите гревови, Бог ја уништи власта што гревот ја имаше во нас. Така, она што Законот со право го бараше, беше исполнето за нас, кои не се раководиме според телесната природа, туку според водството на Духот.
Римјаните 8:3-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Она, што законот не можеше да го направи, бидејќи беше ослабен поради телото, го изврши Бог, испраќајќи Го Синот Свој во тело, подобно на телото на гревот, и како жртва за гревот, Тој го осуди гревот во телото, за да се исполни заповедта на Законот во нас, кои живееме не по телото, туку по Духот.
Римјаните 8:3-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто тоа, што му беше невозможно на Законот, зашто беше слаб заради телото, Бог го изврши: испраќајќи Го - заради гревот - Својот Син во обличје слично на грешното тело и, поради грев, го осуди гревот во телото, па, праведноста, што Законот ја бара, да се исполни во нас, - кои не одиме по телото, туку по Духот.