Римјаните 7:14-16
Римјаните 7:14-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Очигледно е дека Законот е духовен, добар, но јас сум човек од крв и месо, продаден како роб на гревот. Сам себеси не можам да се разберам. Не го правам тоа што го сакам, туку она што го мразам. Со самото тоа што ме гризе совеста кога правам грев, јас се согласувам со Божјиот Закон и потврдувам дека тој е добар
Римјаните 7:14-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас, пак, сум телесен, продаден на гревот како роб. Не го разбирам тоа што го правам; бидејќи не го правам она што сакам, туку она што го мразам, тоа го правам. Ако, пак, го правам она што не го сакам, тогаш се согласувам со Законот дека е добар.
Римјаните 7:14-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто знаеме дека Законот е духовен, а јас сум телесен, продаден, под грев. Така, не знам што правам; зашто не го правам она, што го сакам, туку го правам она, што го мразам. Ако пак го правам, она што не го сакам, се согласувам со Законот дека тој е добар.