Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 6:8-9 - Compare All Versions

Римјаните 6:8-9 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Значи, ако „умревме“ со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме. Знаеме дека откако Христос беше воскреснат од мртвите, никогаш нема повторно да умре. Смртта над Него веќе нема моќ.

Римјаните 6:8-9 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

А ако сме умреле со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме, знаејќи дека Христос, откако вос­кресна од мртвите, не умира повеќе: смртта нема веќе власт над Него.

Римјаните 6:8-9 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

А ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него, зашто знаеме дека Христос, Кој воскресна од мртвите, веќе не умира: смртта нема веќе власт над Него.