Римјаните 6:8-10
Римјаните 6:8-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Значи, ако „умревме“ со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме. Знаеме дека откако Христос беше воскреснат од мртвите, никогаш нема повторно да умре. Смртта над Него веќе нема моќ. Зашто Тој умре еднаш за да го порази гревот засекогаш, а животот што сега го живее, го живее за слава на Бог.
Римјаните 6:8-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А ако сме умреле со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме, знаејќи дека Христос, откако воскресна од мртвите, не умира повеќе: смртта нема веќе власт над Него. Тоа што Тој умре, за гревот умре еднаш засекогаш, а животот што го живее, за Бога го живее.
Римјаните 6:8-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него, зашто знаеме дека Христос, Кој воскресна од мртвите, веќе не умира: смртта нема веќе власт над Него. Зашто, ако умрел - умрел за гревот еднаш засекогаш, а што живее - живее за Бога.