Римјаните 6:22-23 - Спореди ги сите верзии
Римјаните 6:22-23 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Но сега, кога се ослободивте од гревот и Му станавте служители на Бога, имате плод кој води во светост, а крајот – животот вечен. Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот вечен во Христос Исус, нашиот Господ.
Римјаните 6:22-23 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Но откако бевте ослободени од власта на гревот и Му станавте робови на Бог, вашите постапки сега ве водат кон свето живеење, а крајниот исход за вас ќе биде добивање на вечен живот. Зашто платата што ја дава гревот е смрт, а подарокот што го дава Бог преку вера во нашиот Господ Исус Христос е вечен живот.
Римјаните 6:22-23 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Но сега, откако сте ослободени од гревот и откако се поставивте во служба на Бога - го имате вашиот плод - осветувањето; а вечниот живот - за крај, зашто смртта е плата за грев, но благодатниот Божји дар е - вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.