Римјаните 5:2-5
Римјаните 5:2-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Благонаклоноста на Бог спрема нас, која сега ја уживаме, ја добивме преку вера во Исус Христос. Затоа се гордееме и со нетрпение очекуваме и ние да ја споделуваме Божјата слава. Но тоа не е се. Ние ја гледаме светлата страна и кога поднесуваме неволи, свесни дека преку неволи се здобиваме со трпеливост, трпеливоста гради цврст карактер, а карактерот ни ја одржува надежта што никогаш нема да не разочара. Темел на нашата надеж ни е Божјата љубов што веќе е влеана во нашите срца, со посредство на Светиот Дух.
Римјаните 5:2-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Преку Него со верата добивме и пристап кон оваа благодат, во која стоиме, и се гордееме со надежта во славата Божја. Но не само тоа, туку се гордееме и со маките, знаејќи дека од маката се раѓа трпението; од трпението, пак – искуство, а од искуството – надеж. Надежта пак, не посрамотува. Зашто љубовта Божја е излеана во нашите срца преку нам дадениот Свети Дух.
Римјаните 5:2-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
преку Кого и пристапивме со вера во оваа благодат, во која стоиме, и се фалиме во надежта на Божјата слава. Но не само тоа, туку се фалиме и во неволјите, знаејќи дека неволјата раѓа трпение, трпението - искуство, а искуството - надеж; а надежта пак не разочарува, зашто Божјата љубов е излеана во нашите срца преку Светиот Дух, Кој ни е даден.