Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 5:18-21 - Compare All Versions

Римјаните 5:18-21 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Значи, како што еден престап доведе до осуда на сите луѓе, така преку едно праведно дело дојде до оправдување што им носи живот на сите луѓе. Како што преку непослушноста на еден човек многумина станаа грешници, така преку послушноста на еден човек многумина ќе станат праведници. Божјиот Закон беше даден за да видат луѓето колку нараснал гревот. Но иако гревот многу нарасна, Божјата милостива благонаклоност се покажа поголема. Како што гревот владееше над сите луѓе и ги водеше во смрт, така сега владее Божјата чудесна благонаклоност, која ни подари праведност преку нашиот Господ, Исус Христос, и затоа ние ќе добиеме вечен живот.

Римјаните 5:18-21 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

И така, како што преку еден прес­тап дојде осудувањето на сите луѓе, та­ка и преку праведното дело на еден дој­де врз сите луѓе оправданието, кое дава живот. Зашто, како што преку непос­луш­носта на еден човек мнозина станаа грешни, така исто и преку послушноста на еден, мнозина ќе станат праведни. А притоа дојде и Законот за да се наголеми престапот. Каде што, пак, се намножи гревот, таму благодатта се јавува во голема изобилност, та, како што гревот завладеал со смртта, така и благодатта да завладее преку праведноста за живот вечен, преку Исус Христос, нашиот Господ.

Римјаните 5:18-21 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

И така, како што преку еден престап дојде осудување на сите луѓе, така и преку едно праведно дело дојде за сите луѓе оправданието, што донесува живот; зашто, како што со непослушноста на еден човек мнозина станаа грешници, така и со послушноста на Еден мнозина ќе станат праведни. А покрај тоа, Законот дојде за да се зголеми престапувањето; но каде што гревот се зголеми, таму благодатта се излеа преизобилно: и како што гревот царуваше во смртта, така и благодатта да царува преку правдата за вечен живот преку нашиот Господ Исус Христос!