Римјаните 14:8-12
Римјаните 14:8-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Додека сме живи, живееме за Господ. Кога умираме, умираме за да Му се придружиме на Господ. Живи или мртви, ние Му припаѓаме на Господ. Всушност, токму заради ова Христос умре и воскресна, за да им биде Господ и на живите и на мртвите. Тогаш, зошто ги критикувате другите христијани? Зошто дури и ги презирате? Не заборавајте дека секој од нас ќе застане пред Божјиот судски престол! Во Светото Писмо, Господ вели: „Во Себе се колнам, бидејќи Сум вечно жив, дека секое колено пред Мене ќе клекне, секој јазик на Бог ќе Му се исповеда!“ Значи, секој од нас, лично за себе ќе полага сметка пред Бог. Слобода, но и одговорен однос
Римјаните 14:8-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
туку, било да живееме или да умираме, за Господ живееме и за Господ умираме, – ние Му припаѓаме на Господ. Според тоа – живееме ли, умираме ли – Господови сме. Бидејќи Христос затоа и умре и воскресна и оживеа, за да господари и над мртвите, и над живите. А ти, зошто го осудуваш братот свој! Или ти, што го укоруваш братот свој? Зашто сите ќе застанеме пред судот Христов. Зашто е напишано: „Јас сум жив, вели Господ, зашто пред Мене ќе се свитка секое колено и секој јазик ќе Го славослови Бога.“ И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе.
Римјаните 14:8-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
зашто ако живееме, живееме за Господа; ако умираме - умираме за Господа. Затоа: живееме ли, умираме ли, Господови сме, зашто Христос затоа умре и оживе, - за да господари и над мртвите и над живите. А ти, зошто го осудуваш својот брат? Или ти, зошто го презираш својот брат? Зашто, сите ќе застанеме пред Христовиот судски престол, зашто е напишано: „Јас Сум жив - вели Господ - Мене ќе Ми се поклони секое колено; и секој јазик ќе Го исповеда Бога.“ И така, секој од нас ќе одговара пред Бога за себе.