Римјаните 14:6-9
Римјаните 14:6-9 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Оние што на одреден ден му даваат поголемо значење од другите денови во неделата, го прават тоа од почит спрема Господ. Исто така и оние што јадат секаков вид храна, го прават тоа од почит спрема Господ, бидејќи пред да почнат да јадат, Му се заблагодаруваат на Бог. Но и оние што прават разлика меѓу храна што смее да се јаде и храна што не смее да се јаде, го прават тоа од почит спрема Господ и на тој начин сакаат да Му искажат благодарност. Никој од нас христијаните не живее за себе и не умира за себе. Додека сме живи, живееме за Господ. Кога умираме, умираме за да Му се придружиме на Господ. Живи или мртви, ние Му припаѓаме на Господ. Всушност, токму заради ова Христос умре и воскресна, за да им биде Господ и на живите и на мртвите.
Римјаните 14:6-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Оној што ги разликува деновите, ги разликува за Господ; и кој не ги разликува деновите, за Господ не ги разликува. Кој јаде, за Господ јаде, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господ не јаде и Го фали Бога. Зашто никој од нас не живее за себе и никој не умира за себе; туку, било да живееме или да умираме, за Господ живееме и за Господ умираме, – ние Му припаѓаме на Господ. Според тоа – живееме ли, умираме ли – Господови сме. Бидејќи Христос затоа и умре и воскресна и оживеа, за да господари и над мртвите, и над живите.
Римјаните 14:6-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кој го пази денот, го пази за Господа; кој јаде, јаде за Господа, зашто Му благодари на Бога; и кој не јаде, за Господа не јаде, и тој Му благодари на Бога. Никој од нас не живее за себеси и никој не умира за себеси, зашто ако живееме, живееме за Господа; ако умираме - умираме за Господа. Затоа: живееме ли, умираме ли, Господови сме, зашто Христос затоа умре и оживе, - за да господари и над мртвите и над живите.