Римјаните 11:17-18
Римјаните 11:17-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Вие сте како гранки од дива маслинка, накалемени на питомо дрво. Некои гранки беа откршени, а вие го зазедовте нивното место и сега заедно ги уживате благодатите од сочниот корен на питомата маслинка. Немојте да мислите дека вие сте подобри од гранките што беа откршени! Не заборавајте дека не сте вие тие што го одржуваат коренот, туку тој вас ве одржува во живот!
Римјаните 11:17-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако, пак, некои од гранките се скршени, а ти, кој си дива маслинка, си бил прикалемен на нивното место и си станал заедно со нив соучесник во сочниот корен на маслинката, не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да знаеш дека ти не го држиш коренот, туку коренот тебе!
Римјаните 11:17-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)
Ако се откршени некои гранки, и ти, кој си дива маслинка, си накалемен меѓу нив и си станал соучесник во сочниот корен на маслинката, не фали се пред гранките! Ако се фалиш, знај дека ти не го носиш коренот, туку коренот - тебе!