Skip to content
Лого на апликацијата „Библија“

Римјаните 11:11 - Спореди ги сите верзии

Римјаните 11:11 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))

Ви велам пак: зар се сопнаа за да паднат? Не! Но со нивниот престап дој­де спасението за незнабошците, за да се возбуди во нив ревност.

Римјаните 11:11 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)

Дали тоа значи дека Израелците отпаднаа и никогаш повеќе нема да закрепнат? Се разбира, не! Нивната грешка им овозможи на другите народи да се спасат, а во исто време кај Израелците тоа предизвика поголема ревност.

Римјаните 11:11 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)

И така прашувам: да не се сопнаа, за да паднат сосем? Да не биде! Туку преку нивното сопнување им дојде спасение на народите, за да ги поттикнат на ревност.