Римјаните 10:8-10
Римјаните 10:8-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Пораката за спасение преку вера во Христос е лесно достапна, како што и се вели во Светото Писмо: „Пораката е близу до тебе, таа е на твоите усни, во твоето срце.“ Ова е учењето за верата што ние го проповедаме. Ако со својата уста Го признаваш Исус за Господ, и ако во своето срце веруваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен. Ако длабоко во себе имаш таква вера, Бог ќе те смета за праведен. Ако со својата уста ја исповедаш оваа вера, ќе бидеш спасен.
Римјаните 10:8-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А што вели таа? – „Блиску до тебе е словото, во твојата уста и во твоето срце“, односно словото на верата, што го проповедаме, зашто, ако со устата исповедаш дека Исус е Господ и во срцето свое поверуваш дека Бог Го воскресна од мртвите, ќе се спасиш; бидејќи со срцето се верува за оправдание, а со устата се исповеда за спасение.
Римјаните 10:8-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но што зборува таа: „Словото е близу до тебе, во твојата уста и во твоето срце,“ односно, словото на верата, која ја проповедаме. Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен. Зашто со срцето се верува за праведност, а со устата се исповедува за спасение