Римјаните 10:13-17
Римјаните 10:13-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидејќи секој кој ќе го повика името Господово, ќе биде спасен. Но како да Го повикаат Оној во Кого не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да слушнат, ако нема кој да проповеда? И како да проповедаат, ако не бидат испратени, како што е напишано: „Колку им се прекрасни нозете на оние, што благовестат мир, што го благовестат доброто.“ Но Евангелието сите не го послушаа. Зашто Исаија вели: „Господи, кој поверува во она што го проповедавме?“ Затоа, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово.
Римјаните 10:13-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Секој што ќе Му се обрати на Господ, ќе биде спасен.“ Но како ќе Му се обраќаат на Господ, ако не веруваат во Него? А како ќе поверуваат, ако не чуле за Него? Како ќе чујат, ако некој не им проповеда? А како може некој да проповеда, ако не е испратен од Господ? Затоа во Светото Писмо пишува: „Благословени се стапалата на луѓето што ја разгласуваат Радосната вест!“ Но сите не ја прифатија Радосната вест. Пророкот Исаија вели: „Господе, има ли некој што верува во пораката што ја проповедаме?“ Сепак, верата доаѓа преку слушање, и тоа преку слушање на Радосната вест за Христос.
Римјаните 10:13-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Бидејќи секој кој ќе го повика името Господово, ќе биде спасен. Но како да Го повикаат Оној во Кого не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да слушнат, ако нема кој да проповеда? И како да проповедаат, ако не бидат испратени, како што е напишано: „Колку им се прекрасни нозете на оние, што благовестат мир, што го благовестат доброто.“ Но Евангелието сите не го послушаа. Зашто Исаија вели: „Господи, кој поверува во она што го проповедавме?“ Затоа, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово.
Римјаните 10:13-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.“ Но, како ќе Го повикаат Оној, во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник? И како ќе проповедаат, ако не се испратени, како што е напишано: „Колку се прекрасни нозете на оние, што проповедаат мир, кои го навестуваат доброто!“ Но сите не го послушаа Евангелието, зашто Исаија вели: „Господи, кој ѝ поверувал на нашата проповед?“ И така, верата доаѓа од слушањето, а слушањето од Христовото слово.