Римјаните 10:1-3
Римјаните 10:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги пријатели христијани, мојата најголема желба и молитва кон Бог е Израелците да се спасат. Знам дека тие се многу ревносни за Бог, но таа нивна ревност не произлегува од правилно разбирање. Тие не го знаат начинот на кој Бог им подарува праведност на луѓето. Сакаат да се здобијат со сопствена праведност, преку придржување кон Мојсеевиот Закон, наместо да ја прифатат Божјата праведност.
Римјаните 10:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Браќа, желбата на моето срце и на мојата молитва кон Бога за Израел е за негово спасение. Јас им сведочам дека тие имаат ревност за Бога, но не според сознанието. Зашто, не знаејќи за Божјата праведност и тежнеејќи да воспостават своја сопствена праведност, тие не ѝ се подредија на Божјата праведност
Римјаните 10:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Браќа, желбата на моето срце и мојата молитва кон Бога за нив е: да се спасат. Зашто, сведочам за нив, дека имаат ревност за Бога, но без правилно знаење. Имено, не знаејќи, што е Божјата правда и сакајќи да ја воспостават својата сопствена, не ѝ се покорија на Божјата правда.