Откровение 20:1-3
Откровение 20:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа видов еден ангел како слегува од небото; во рацете го носеше клучот од Бездната и една голема верига. Тој го фати Змејот - старата Змија, познат и како Ѓавол и Сатана - и го окова во верига за период од илјада години. Потоа го фрли во Бездната. Таму го затвори и го заклучи, за да не ги заведува народите во период од илјада години. Потоа тој ќе биде пуштен, но само за кратко време.
Откровение 20:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа видов како од небото слегуваше ангел кој го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја: го фати змевот, древната змија, која е ѓаволот и сатаната – и го врза за илјада години; потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјада години; по ова време тој треба да биде пуштен за малку време.
Откровение 20:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И видов ангел, како слегува од небото, кој имаше во својата рака: клуч од Бездната и голема верига. Тој го фати змевот, старата змија која е ѓаволот и сатаната, и го врза за илјада години, и го фрли во Бездната и го заклучи, ја запечати над него, за да не ги заведува народите, додека не се навршат илјада години; потоа треба да биде одврзан за малку време.