Откровение 2:13 - Compare All Versions
Откровение 2:13 MNT (Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик)
Знам дека живеете во престолнината на Сатаната! Знам и дека цврсто се држите до верата во Моето име. Таму, во жилиштето на Сатаната, вие не се откажавте од верата во Мене ни тогаш кога од вас го зедоа Мојот верен слуга Антипа и го убија.
Сподели
Откровение 2 MNTОткровение 2:13 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
(ги) знам (делата твои) каде живееш, каде е престолот на сатаната, и дека го држиш името Мое, и дека не се одрече од верата Моја дури и во деновите кога Мојот верен сведок Антипа беше убиен меѓу вас, во чија средина живее сатаната.
Сподели
Откровение 2 MK2006Откровение 2:13 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
ги знам делата твои, и каде живееш, каде е престолот на сатаната; и го држиш Моето име, и не се одрече од верата во Мене, ни во деновите на Мојот верен сведок Антипа, кого го убија кај вас, каде живее сатаната.
Сподели
Откровение 2 MKB