Откровение 12:5-6
Откровение 12:5-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Жената роди Син, Кој ќе владее над сите народи со железен скиптар. Синот беше издвоен и однесен кај Бог, на Неговиот престол. Жената, пак, побегна во пустината, на местото што Бог го беше приготвил како засолниште за неа - таму да биде згрижена илјада двесте и шеесет дни.
Откровение 12:5-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И таа роди машко дете, кое ќе ги пасе сите народи со железен жезол; и детето нејзино беше грабнато и однесено кај Бога и Неговиот престол. А жената побегна во пустина, каде што имаше приготвено место од Бога за да ја хранат таму илјада двесте и шеесет дена.
Откровение 12:5-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И роди машко Дете, син, кој ќе им биде на сите народи Пастир со железно жезло. И нејзиното Дете беше однесено при Бога и при Неговиот престол. А жената избега во пустината, каде имаше место, што Бог ѝ го приготви, за да ја хранат таму илјада и двеста и шеесет денови.