Откровение 11:18
Откровение 11:18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Народите кои не Те почитуваат го истурија својот бес, но сега дојде времето на Твојот гнев! Дојде време да им се суди на умрените, да се наградат Твоите слуги, пророците, и сите Божји луѓе - оние што имаат страхопочит спрема Твоето име, мали и големи. Дојде време да бидат уништени уништувачите на Земјата!“
Откровение 11:18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Народите збеснаа, но дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите и да дадеш награда за слугите Твои – на пророците, на светиите и на оние кои имаат страхопочит кон името Твое, мали и големи, и да ги погубиш оние што ја уништуваа земјата!“
Откровение 11:18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И народите се разгневија, и дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите, и да им се даде награда на Твоите слуги, на пророците и на светите и на оние, кои се бојат од Твоето име, мали и големи, и да ги уништиш оние, кои ја расипуваа земјата.“