Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 98:1-9

Псалми 98:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Запејте Му на Господ нова песна, зашто создаде чудесни работи; Него­вата десница Му помогна и Неговата света мишка. Господ ја објави Својата победа, пред очите на народите ја откри Сво­јата правда. Се присети Тој за Својата милост и на верноста Своја кон домот Израелов; сите краишта земни го видоа спасението од нашиот Бог. Воскликни Му на Господ, цела Земјо; запеј, радуј се и пеј; пејте Му на Господ со лири, со лири и со глас псаломски; во труби и во рог затрубете пред Ца­рот – пред Господ. Нека шуми морето и сѐ она што го исполнува: вселената и сите што живе­ат во неа; да заплескаат со раце реките и заедно со горите да се зарадуваат пред лицето на Господ! Зашто Тој доаѓа да ѝ суди на Зем­јата. Тој ќе ѝ суди на вселената по правда и народите – правично.

Псалми 98:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Воспејте Му на Господа нова песна, зашто направи чудесни дела. Неговата десница и Неговата света мишка Му извојуваа победа. Господ го објави Своето спасение, ја откри Својата правда пред народите. Си спомна за милоста и верноста кон Израелевиот Дом. Сите краишта на земјата го видоа спасението на нашиот Бог. Воскликни Му на Господа, цела земјо; радувај се, викај весело и пеј! Запејте Му на Господа со псалтир, со псалтир и со глас на псалмопеење; со звуците на трубите и роговите: викајте радосно пред Царот - пред Господа! Нека шуми морето и што е во него, земјата и нејзините жители! Нека ракоплескаат реките, нека се радуваат ридовите, заедно со нив! Зашто Господ доаѓа, доаѓа да ѝ суди на земјата. Ќе ѝ суди на вселената по правда и на народите по правина.