Псалми 94:1-11
Псалми 94:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Боже, Господи на одмаздата, Боже на одмаздата, покажи се! Стани, Судијо на Земјава, дај им отплата на горделивите! До кога нечестивите, Господи, до кога нечестивите ќе се фалат, ќе мрморат и говорат дрско, до кога ќе зборуваат така сите злосторници? Го газат Твојот народ, Господи, и го угнетуваат Твоето наследство; вдовица и туѓинец убиваат, и сирак усмртуваат. Па велат: Господ нема да види, Бог Јаковов нема да дознае! Вразумете се, вие што сте безумни! И дали вие, луѓе, некогаш ќе се опаметите? Оној, Кој го насадил увото, нема ли да чуе, и Оној што го поставил окото, нема ли да види? Оној, Кој ги вразумува народите, и Кој го учи човекот на знаење, зар нема да казни? Господ ги знае човечките мисли, знае дека се тие суетни.
Псалми 94:1-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Боже, одмазднику, Господи, Боже одмазднику, покажи се: стани Ти, Судија на земјата, плати им на гордите, според заслугата! До кога грешниците, о Господи, до кога грешниците ќе ликуваат? Тие зборуваат дрски зборови, беззакониците се фалат. Го угнетуваат Твојот народ, Господи, и го притискаат Твоето наследство; убиваат вдовица и туѓинец, им го одземаат животот на сирачињата. И зборуваат: „Господ не гледа! Не забележува Јакововиот Бог!“ Разберете, безумници во народот: глупци, кога ќе се вразумите? Не слуша ли Оној, што го засадил увото? Не гледа ли Оној, Кој го создаде окото? Не казнува ли Оној, Кој ги воспитува народите? Оној, Кој ги учи луѓето на мудрост? Господ ги знае човечките мисли, тие се празни.