Псалми 86:5-12
Псалми 86:5-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
зашто Ти, Господи, си добар, кроток и многумилостив кон сите, кои Те повикуваат. Чуј ја, Господи, мојата молитва и послушај го гласот на молбата моја. Во денот на мојата мака повикав кон Тебе, и Ти ме чу. Меѓу боговите нема таков каков што си Ти, Господи, и нема дела како Твоите. Сите народи што си ги создал Ти, ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, Господи, и ќе го прославуваат името Твое, зашто Ти си велик и правиш чудеса, – Ти си Бог единствен! Упати ме, Господи, кон Твојот пат, и јас ќе одам во Твојата вистина; и дај ми непоколебливо срце, за да го почитувам името Твое. Ќе Те славам, Господи, Боже мој, од сѐ срце и вечно ќе го прославувам името Твое
Псалми 86:5-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто Ти си, Господи, добар и проштаваш со задоволство, полн си со љубов кон сите, кои Те повикуваат. Чуј ја, Господи, мојата молитва, и внимавај на гласот на мојот повик. Во ден на неволја Те призовувам Тебе, зашто ќе ме послушаш. Ти нема рамен меѓу боговите, Господи, нема дела какви што се Твоите. Сите народи, што ги создаде, ќе дојдат и ќе Ти се поклонуваат о Господи, и ќе го прославуваат Твоето име. Зашто Ти си величествен и правиш чудеса: Ти си Единствен Бог. Научи ме на Својот пат, Господи, за да одам верен кон Тебе, обедини го моето срце, да се бои од Твоето име! Ќе Те фалам Господи, мој Боже, со сето свое срце, ќе го славам Твоето име довека.