Псалми 47:1-9
Псалми 47:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Заплескајте со рацете, сите народи воскликнете кон Бога со радосен глас; зашто Севишниот Господ е страшен, Голем Цар е над целата земја. Тој ни покори под нозе луѓе и народи; Тој ни одбра наследство за нас, достоинственоста на Јаков, кого го возљуби. Се искачи Бог при восклици, Господ со трубен звук. Пејте Му на нашиот Бог, пејте; пејте Му на нашиот Цар, пејте, зашто Бог е Цар над целата Земја; пејте Му псалм! Бог е Цар над народите, Бог седи на светиот Свој престол; незнабожечките кнезови се собираат како народ кон Авраамовиот Бог, зашто земните заштитници Му припаѓаат на Бога, Тој е возвишен над сите.
Псалми 47:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ракоплескајте сите народи, воскликнувајте Му на Бога со радосен глас. Зашто тоа е Господ - Сѐвишен, страшен, Велик Цар на целата земја. Народите ни ги покори, ги стави народите под наши нозе, ни го избра наследството - славата на Јакова, кого го возљуби. Бог влегува, со воскликнување, Господ - со трубни звуци. Пејте Му на Бога, пејте Му, пејте Му на нашиот Цар, пејте Му! Зашто Тој е Цар на целата земја, пејте Му на Бога песни фалбени! Бог царува над народите, Бог седи на Својот свет престол. Народните првенци се прибраа како народот на Авраамовиот Бог. Божји се сите властодржци на земјата, Тој е возвишен над сите нив.