Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 38:1-22

Псалми 38:1-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Господи, во јароста Своја не карај ме и во гневот Свој не казнувај ме, зашто стрелите Твои се забија во мене, и Твојата рака тежи врз мене, нема ништо здраво на моето тело од Твојот гнев; во коските мои нема мир поради гревот мој; зашто беззаконијата мои ја надви­шија главата моја, како тешко бреме ме притиснаа. Смрдат и гнојат раните мои поради безумието мое. Се згрбавив и се стопив сосема, цел ден натажен одам; слабината ми е воспалена, нема здраво место на телото мое. Исцрпен сум и дотолчен; рикав поради воздишките на срцето мое. Господи, пред Тебе се сите мои копнежи, и мојата воздишка не е сокриена од Тебе. Срцето засилено ми бие, ме напуш­ти силата моја, и светлината на очите мои, – и неа ја нема во мене. Моите пријатели и моите ближни се приближија и не се доближија; застанаа подалеку од мене, а оние што ја бараат душата моја, ми поставуваат примки, говорат за пропаст и секој ден кројат сплетки; а јас, пак, како глув не слушам и како нем сум, кој не ја отвора устата своја; станав како човек што не слуша и што во устата своја нема одговор, зашто на Тебе, Господи, се надевам; Ти ќе одговориш, Господи, Боже мој. Зашто се молам само да не се по­гордеат над мене; и кога ќе ми се по­колебаат нозете мои, тие да не се кренат над мене. Готов сум да паднам, и болот мој секогаш е со мене. Беззаконието свое го признавам и ќе жалам поради гревот мој. А оние што ми се непријатели без причина се силни, и се намножија оние што неправедно ме мразат, ми враќаат зло за добро, ми ста­наа противници, зашто јас сум за добро. Не оставај ме, Господи, Боже мој, не оддалечувај се од мене; побрзај да ми помогнеш, Господи, Спасителе мој!

Псалми 38:1-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господи, не ме изобличувај во Твојата јарост и не ме казнувај во Твојот гнев. Твоите стрели се закачија во мене, Твојата рака ме притисна тешко. На моето тело нема ништо здраво заради Твојот гнев, од моите гревови нема мир за моите коски. Зашто беззаконијата на мојата глава ме надвишија, ме притиснуваат како претешко бреме. Моите рани смрдат и гнојат заради мојата безумност. Се згрбавив и се собрав, постојано скитам натажен. Зашто мојата внатрешност гори, и нема здравје во телото мое. Исцрпен сум и сосем сотрен, офкам од плачот на моето срце. О, Господи, сите мои желби се пред Тебе, и моите повици не Ти се скриени. Моето срце удира силно, силата ме остава, и гасне светлината на очниот вид. Пријателите и другарите се отстранија од моите рани, и моите најблиски стојат далеку. Ми поставуваат стапици, оние кои ми го дебнат животот, кои ми сакаат несреќа, ми се закануваат со пропаст и секогаш смислуваат измама. А јас сум како глув и ништо не слушам и како нем, уста не отворам. Станав како човек што не слуша и кој нема одговор во устата. Зашто, о, Господи, на Тебе се надевам, Ти ќе ме услишиш, Господи, Боже мој! Зашто реков: „Нека не се радуваат над мене; кога ногата ќе ми се сопне, нека не се креваат над мене!“ Зашто не пропаднав за малку, и мојата болка секогаш е пред мене. Јас ги признавам своите беззаконија, и полн сум со жалост заради својот грев. А кои се против мене, без причина силни се, и мнозина се што ме мразат неправедно. За добро ми враќаат со зло, ми се противат дека го барам доброто. О Господи, не ме оставај! Боже мој, не оддалечувај се од мене! Побрзај ми на помош, Господи, Спасителу мој!