Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 2:1-12

Псалми 2:1-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Зошто се бунат народите, и племињата смислуваат лоши работи? Се креваат царевите земски, и кнезовите се собираат заедно против Господ и Неговиот Помазаник. „Да ги раскинеме веригите нивни и да го отфрлиме од себе јаремот нивни.“ Оној, Кој живее на небесата, им се смее, Господ им се подбива. Тогаш во гневот Свој ќе им говори и со јароста Своја ќе ги вџаши, велејќи: „Јас си поставив Свој Цар на Сион, на Мојата света гора!“ Ќе ја објавам одлуката Господова, Тој Ми рече: „Ти си Син Мој, Јас денес Те родив.“ И побарај од Мене, и ќе Ти ги дадам народите во Твое наследство, и краи­ш­тата на земјата – во Твое владеење. Ти ќе ги пасеш со железен жезол; ќе ги разбиваш како грнчарски сад. И сега цареви, вразумете се; поучете се, судии земни! Служете Му на Господ со страв и со трепет. Почитувајте Го Синот, та да не се разгневи, и на патот свој да не поги­нете; зашто Неговиот гнев брзо ќе се разгори. Блажени се сите, кои кај Него прибегнуваат.

Псалми 2:1-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Зошто се бунат народите, зошто племињата замислуваат суети? Земските цареви стануваат и кнезовите се собираат против Господа и против Неговиот Помазаник: „Да ги скинеме нивните окови и да го отфрлиме нивниот јарем.“ Оној, што живее на небесата, им се смее, Господ им се потсмевнува. Тогаш ќе им рече во Својот гнев, и со Својата јарост ќе ги збуни: „Јас го поставив Мојот Цар над Сион, на Мојата Света Гора.“ „Ја објавувам Господовата одлука: Тој ми рече: ‘Ти си Мој Син, Јас те родив денес. Побарај од Мене, и ќе ти ги дадам народите во наследство и земските краишта во сопственост. Ќе владееш со нив со железен жезал и ќе ги скршиш како грнчарски сад.‘“ Вразумете се сега, вие цареви; научете се земски судии! Служете Му на Господа со страв, радувајте Му се со трепет. Целувајте Го Синот, за да не се разгневи и да не загинете патем, зашто скоро ќе пламне Неговиот гнев. Блажени се сите кои се засолнуваат при Него!