Псалми 17:13-15
Псалми 17:13-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Стани, Господи, пресретни ги и собори ги; со Својот меч спаси ја душата моја од нечестивиот, а со раката Своја од луѓето, Господи, од луѓето чиј дел е само овој живот. Нека им се наполнат стомаците со твоите добра, нека се наситат нивните синови и нека им остават од вишокот на децата свои. А јас ќе го гледам лицето Твое во правда, ќе се наситам од ликот Твој, кога еднаш ќе се разбудам.
Псалми 17:13-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Стани, Господи, пресретни го и кутни го, со Својот меч спаси го мојот живот од нечесниот, а со Својата рака, Господи, од луѓето, од луѓето на овој свет, чиј дел е овој живот; чиј желудник го полниш со Своите богатства, така што и нивните синови ќе бидат сити, а остатокот ќе им остане на нивните внуци. А јас ќе го гледам Твоето лице во правда, и еднаш кога ќе се разбудам, ќе се наситам од Твојот изглед.