Псалми 17:1-5
Псалми 17:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Слушни ја, Господи, правдата моја, чуј го мојот повик, прими ја молитвата моја што не излегува од лажлива уста. Од Твоето присуство нека излезе пресудата за мене; очите Твои нека ја гледаат правдината. Ако го искушаш срцето мое, ако ме посетиш ноќе; ако ме провериш: нема да најдеш злонамерност во мене. Не згреши устата моја, како што прават другите; поради зборовите на устата Твоја, јас го одбегнував патот на насилниците. Стапките мои беа непоколебливи на патиштата Твои, нозете мои не застранија.
Псалми 17:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Послушај ја, Господи, правдата, чуј го мојот глас, услиши ја мојата молитва од искрени усни! Од Тебе нека ми дојде пресудата, Твоите очи гледаат што е справедливо. Испитај го моето срце, посети ме ноќе, искушај ме, но нема да најдеш ништо; мојата уста не згреши. Како што грешат луѓето: според зборовите на Твојата уста, се сочував од патиштата на насилниците. Моите стапки ги држаа Твоите патишта, не се лизнаа моите нозе.