Псалми 145:4-7
Псалми 145:4-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Од род во род ќе се фалат делата Твои и за силата Твоја ќе се прикажува. За велелепната слава на Твојата светост ќе зборуваат и за Твоите чудеса ќе известуваат. Ќе говорат и за силата на Твоите страшни дела, и ќе прикажуваат и за Твоето величие. Ќе ја воспеваат славата на Твојата изобилна добрина, и ќе се радуваат на Твојата праведност.
Сподели
Прочитај Псалми 145Псалми 145:4-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Од поколение во поколение се фалат Твоите дела и се навестуват Твоите силни дела. Ќе зборувам за блескавата слава на Твоето величие, и за Твоите чуда. Кажуваат за страотната сила на Твоите дела, јас ќе ја раскажувам Твојата величина. Го разгласуваат споменот за Твојата голема благост, и ја опеваат Твојата правда.
Сподели
Прочитај Псалми 145