Псалми 140:1-5
Псалми 140:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Спаси ме, Господи, од злобен човек и избави ме од насилници; тие смислија зло во срцето свое, секој ден зачнуваат војни; ги изострија јазиците свои како змија; под устите им е аспидин отров. Запази, ме, Господи, од рацете на нечестив човек. Избави ме од луѓе насилници, кои смислија да ми подметнат нога. Горделивите тајно поставија стапица, и распнаа примки од јажиња за мене; на патот ми поставија примка.
Псалми 140:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Избави ме, Господи, од злобен човек, заштити ме од човек насилник; од оние што измислуваат зла во срцето, и цел ден се собираат за бој. Како змии ги изоструваат своите јазици, змијски отров им е под усните. Спаси ме, Господи, од раката на злосторникот, чувај ме од човек насилник, кој сака мојата нога да се сопне. Гордите ми поставуваат потајна стапица, со јажиња плетат мрежа, крај патот ми поставуваат клопки.