Псалми 139:17-24
Псалми 139:17-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Колку ми се недостапни Твоите мисли, Боже, колку се многубројни! Да ги пребројам – но тие се побројни и од песокот; се будам и сѐ уште сум со Тебе. Кога би сакал да ги убиеш, Боже, грешниците; иставете се од мене, крвопијци! Подмолни се во помислите свои, суетно се креваат Твоите непријатели. Зар не ги замразив оние, Господи, кои Тебе Те мразат, и зар не се гнасам од непријателите Твои? Со полна омраза ги замразив; ги сметам за непријатели. Испитај ме, Боже, и познај го срцето мое; испитај ме и запознај ги патеките мои; и види дали сум на пат на беззаконија, и упати ме на вечен пат.
Псалми 139:17-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Колку ми се драгоцени Твоите науми, Боже, колку е непресметлив нивниот број. Да ги бројам! Повеќе се од песок! Кога се будам, уште сум со Тебе! Боже, истреби ги злотворите, нека отстапат од мене крволоците! Зашто се бунтуваат подмолно против Тебе, напразно се подигаат Твоите непријатели. Господи, зар да не ги мразам Твоите мразители? Зар да не ми се гадат Твоите противници? Јас ги мразам со далабока омраза и ги сметам за свои непријатели. Испитај ме целиот, Боже, запознај ми го срцето, испитај ме и запознај ги моите мисли: Погледај да не одам по гибелен пат и поведи ме по вечниот пат!