Псалми 134:1-3
Псалми 134:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Благословувајте Го сега Господа, сите слуги Господови, што стоите ноќе во домот Господов. Кренете ги рацете ваши ноќе кон светилиштето и благословувајте Го Господа! Нека те благослови Господ од Сион, Создателот на небото и Земјата.
Сподели
Прочитај Псалми 134Псалми 134:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Дојдете, благословувајте Го Господа, сите Господни слуги, кои стоите во Господовиот Дом, во ноќните часови. Издигнете ги своите раце кон Светилиштето и благословувајте Го Господа! „Да те благослови од Сион, Господ, кој ги создаде небото и земјата!“
Сподели
Прочитај Псалми 134