Псалми 126:1-6
Псалми 126:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога Господ ги врати сионските заробеници, ние бевме како во сон; тогаш устата ни се исполни со радост, и јазикот наш – со весела песна; тогаш меѓу незнабошците се говореше: „Големи дела изврши Господ над нив!“ Големи дела изврши Господ на нас: ние се развеселивме. Врати ги, Господи заробените наши, како потоците во Негев. Оние што сеат со солзи, нека жнеат со голема радост. Одеа и плачеа оние што носеа свое семе; но со радост ќе се вратат, носејќи ги своите снопја.
Псалми 126:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога Господ ги враќаше сионските заробеници, ни беше како да сонуваме. Устата ни беше полна со смеење, а јазикот со пеење. Тогаш меѓу народите се зборуваше: „Господ направи големи дела за нив!“ Господ ни направи големи дела: пак сме радосни! Врати ги, о Господи, нашите заробеници, како негевските потоци! Оние што сејат со солзи, жнијат со песни. Одеа со плачење, носејќи го семето за сеење: навистина ќе се враќаат со песна, носејќи ги своите снопови.