Псалми 123:1-4
Псалми 123:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ги кревам очите мои кон Тебе, Кој царуваш на небесата. Ете, како што се очите на слугите свртени кон рацете на господарите нивни, како очите на слугинката – кон раката на господарката нејзина, така и нашите очи гледаат кон Господ, нашиот Бог, сѐ додека не се смилува. Смилувај се на нас, Господи, смилувај се, зашто многу сме понижени со презир; зашто се преполни душата наша од надменоста на дрските и од презирот на горделивите.
Псалми 123:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ги подигам моите очи кон Тебе Кој живееш на небесата. Ете, како што гледаат очите на слугата во рацете на господарот, и очите на слугинката во рацете на господарката, така нашите очи гледаат во Господа, нашиот Бог, додека ни се смилува нам. Смилувај ни се, Господи, помилувај нѐ нас; зашто се преситивме од презрение. Душата ни е пресита од потсмевнувањето на бесните, од презрението на гордите.