Псалми 119:97-105
Псалми 119:97-105 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Колку го засакав, Господи, Твојот закон; секој ден се поучувам од него. Со Твојата заповед ме направи помудар од непријателите мои, зашто таа е секогаш со мене. Станав поразумен од сите учители мои, зашто сведоштвата Твои се моја поука. Поумен станав од старите, зашто ги пазам Твоите заповеди. Ги задржувам нозете свои од секаков лош пат, за да го пазам словото Твое. Од твоите уредби нема да се откажам, зашто Ти ме поучи. Колку се слатки за грлото мое зборовите Твои, послатки се од мед во устата моја. Преку твоите заповеди станав разумен; затоа го замразив секој лажен пат. Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја.
Псалми 119:97-105 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
О, колку го љубам Твојот Закон, по цел ден размислувам за него. Твојата заповед ме направи помудар од моите непријатели, зашто таа е вечно со мене. Поумен сум од сите мои учители, зашто размислувам за Твоите сведоштва. Поразумен сум и од старците, зашто ги чувам Твоите наредби. Воздржи ги моите нозе од лошиот пат, за да го запазам Твојот збор. Не отстапувам од Твоите судови, зашто Ти ме поучи. Колку се слатки на моето непце Твоите зборови, послатки се од мед во мојата уста. Станувам разумен според Твоите повелби зашто ги мразам сите лажни патишта. Твоето слово е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека.