Псалми 118:1-9
Псалми 118:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Славете Го Господа, зашто Тој е добар, зашто милоста Негова е вечна. Нека каже сега домот Израелов дека милоста Негова е вечна. Нека рече сега домот Аронов дека милоста Негова е вечна. Нека кажат сега сите, кои се бојат од Господ: дека милоста Негова е вечна. Кога бев на мака, Го повикав Господа и Тој ме услиши и на ширина ме изведе. Господ е мој помошник, нема да се плашам: што може да ми направи човек? Господ ми е помошник: и јас победоносно ќе гледам на непријателите мои. Подобро е да се надевам во Господ, отколку да се надевам во човек. Подобро е да се надеваш во Господ, отколку да се надеваш во кнезови.
Псалми 118:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Алилуја! Благодарете Му на Господа, зашто е благ, зашто е вечна Неговата милост! Нека рече Израелевиот дом: „Вечна е Неговата милост!“ Нека рече Ароновиот дом: „Вечна е Неговата милост!“ Нека речат сите што се бојат од Господа: „Вечна е Неговата милост!“ Го повикав Господа во тешкотија: Господ ме услиши и ме ослободи. Господ е со мене и јас не се плашам: што може да ми направи човек? Господ е со мене, помеѓу моите помошници, затоа гледам радосно на оние кои ме мразат. Подобро е да се надева некој на Господа, отколку да се надева на човек; подобро е некој да се надева на Господа, отколку да се надева на кнезовите.