Псалми 116:1-11
Псалми 116:1-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Се радувам дека Господ ќе го услиши гласот на моето молење, зашто го приклони кон мене Своето уво, и затоа ќе Го повикувам преку сите мои дни. Смртни болки ме обзедоа, пеколни маки ме стигнаа; се најдов во неволја и мака. Тогаш го повикав името Господово: О, Господи, избави ја душата моја! Милостив е Господ и праведен, и милосрден е нашиот Бог. Господ ги пази слабите: бев во мака и Тој ми помогна. Врати се, душо моја, во својот мир, зашто Господ постапи добро со тебе, бидејќи душата моја ја истргна од смрт, очите мои – од солзи, и нозете мои – од сопнување. Одам со благодарност пред лицето на Господ во земјата на живите. Верував и кога говорев: во голема мака сум. Во мојата необмисленост си реков: секој човек е лажливец.
Псалми 116:1-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Го љубам Господа, зашто го слуша гласот на мојата молитва. Го наведна Своето уво кон мене, затоа ќе го повикувам во моите денови. Смртни болки ме опфатија, ме стегнаа примките на Подземјето, ме снајдоа тага и беда. Тогаш го повикав Господовото Име: „О Господи, спаси го мојот живот!“ Господ е милостив и праведен, нашиот Бог е полн со милост. Господ ги чува простодушните; бев во неволја, Тој ме избави. Врати се, моја душо, во своето спокојство, зашто Господ е твој добротвор. Тој ми го избави животот од смртта, моите очи од солзи, нозете од паѓање. Ќе одам пред Господовото лице во земјата на живите. Јас верувам и кога велам: „Многу сум несреќен.“ Реков, во својата збунетост: „Секој човек е лажец!“