Псалми 111:1-6
Псалми 111:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Алилуја! Ќе Те славам, Господи, од сѐ срце во советот на праведните и во собранието. Големи се делата на Господ, нека размислуват за нив сите што уживаат во нив. Неговото дело е слава и великолепие, а правдата Негова вечно ќе постои. Незаборавни ги направи чудесата Свои, милостив и штедар е Господ. Им дава храна на оние, кои се бојат од Него; вечно го помни заветот Свој. Силата на делата Свои му ја покажа на Својот народ, за да му ги даде незнабошците во наследство.
Псалми 111:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Алилуја! Ќе Го славам Господа со сето свое срце во советот на праведниците, во нивната заедница. Големи се Господовите дела, нека размислуваат за нив сите, што ги љубат. Сјајно и величествено е Неговото дело, и Неговата правда останува довека. Со Своите чуда, направи спомен, Господ е благ и милостив. Им даде храна на Своите почитувачи, довека Си спомнува за Својот Завет. Своите силни дела ги објави на Својот народ, им ја даде во наследство земјата на многубошците.