Псалми 107:10-16
Псалми 107:10-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тие седеа во темнина и смртна сенка, оковани со сиромаштија и железо; бидејќи не се покорија на зборовите Божји и се противеа на волјата на Севишниот. Тој го скрши нивното срце со мака, се сопнаа, и немаше кој да им помогне. Тогаш во тагата своја повикаа кон Господ, и Тој ги спаси од маките нивни; ги изведе од темнината и смртната сенка и ги раскина оковите нивни. Нека Го слават Господа за милоста Негова и за Неговите чудесни дела кон синовите човечки, зашто Тој ги здроби бронзените порти и ги скрши железните резиња.
Псалми 107:10-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Седеа во мрак и во темнина, оковани со беда и со железо, зашто ѝ се противеа на Божјата беседа и го презреа наумот на Сѐвишниот. Заради тоа им го скрши срцето со страдања, се слизнуваа, а немаше никој да им помогне. Тогаш извикаа кон Господа во својата тешкотија, и Тој ги спаси од сите неволји. Ги изведе од мрак и од темнина, ги скина нивните окови. Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови! Зашто ја разби бронзената врата и ги скрши железните лостови.