Псалми 10:12-18
Псалми 10:12-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Стани, Господи, Боже мој, нека се крене раката Твоја, не ги заборавај угнетените. Зошто безбожникот Го презира Бога, зошто во срцето свое да вели – Бог не казнува? Но Ти гледаш, зашто ги забележуваш маките и навредите; во Свои раце ги одмеруваш; беспомошниот Тебе Ти се предава, Ти си му помошник на сиракот, бедниот Тебе ти се предава. Сотри ја мишката на грешникот и на лукавиот; казни му ја пакоста за да ја нема повеќе! Господ е вечен цар, во сите времиња; ќе ги снема незнабошците од земјата Негова. Господи, Ти ги слушаш желбите на кротките; закрепи ги срцата нивни, отвори го увото Свое! Дај правда за сиракот и за угнетениот, па да престане човекот на земјата да задава страв.
Псалми 10:12-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Стани, Господи Боже, крени ја Својата рака! Не заборавај ги бедните! Зошто безбожникот Го презира Бога? Тој вели во своето срце: „Нема да води истрага.“ Ти виде, зашто ги гледаш неправдите и маките, и ги мериш во раката. Бедниот Ти се доверува Тебе, Ти си му помошник на сирачето. Сотри му ја мишката на нечестивиот, и на злотворот, казни му го лукавството, за да не биде повеќе. Господ е Цар, секогаш, низ вековите, ќе ги снема народите од Неговата земја. Господи, Ти ги слушаш желбите на кротките; зајакни им ги срцата; отвори го Своето уво: да го заштитиш правото на сирачето и угнетуваниот, така што човекот, кој е од земја, да не застрашува веќе.