Изреки 9:1-9
Изреки 9:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Мудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови, ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја; ги испрати слугите свои да огласат од градските височини: „Кој е неразумен, да наврати тука!“ И на малоумните таа им рече: „Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила; оставете ја неразумноста, и ќе живеете; одете по патот на разумот.“ Кој поучува бесрамник, ќе си спечали укор, и кој го разобличува нечестивецот – срам. Не изобличувај го бесрамникот, за да не те намрази; поучувај го мудриот, и тој ќе те засака. Дај му совет на мудриот, и тој ќе биде уште помудар; научи го праведниот, и тој ќе го збогати своето знаење.
Изреки 9:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Мудроста си изгради дом и изделка седум столбови. Ги искла своите животни, го измеша своето вино и го сложи својот стол. Ги испрати своите слугинки да објават од градските височини: „Кој е глупав, нека наврати ваму!“ А на неразумните им говори: „Дојдете, јадете од мојот леб и пијте вино, што го измешав; оставете ја лудоста, за да живеете, и одете по патот на разумот. Кој поучува подбивач, добива срам, и кој кори нечесен, се валка себе си. Не изобличувај го потсмевачот, за да не те замрази, кори го мудриот за да те засака. Поучи го мудриот, и ќе биде уште помудар; упати го праведниот, и ќе се зголеми неговото знаење.