Изреки 9:1-6 - Compare All Versions
Изреки 9:1-6 MK2006 (Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги))
Мудроста си изгради дом, ги утврди седумте столбови негови, ги закла своите жртви, го расточи во чаша виното свое и ја приготви трпезата своја; ги испрати слугите свои да огласат од градските височини: „Кој е неразумен, да наврати тука!“ И на малоумните таа им рече: „Дојдете, јадете го лебот мој и пијте го виното, што сум го приготвила; оставете ја неразумноста, и ќе живеете; одете по патот на разумот.“
Изреки 9:1-6 MKB (Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов)
Мудроста си изгради дом и изделка седум столбови. Ги искла своите животни, го измеша своето вино и го сложи својот стол. Ги испрати своите слугинки да објават од градските височини: „Кој е глупав, нека наврати ваму!“ А на неразумните им говори: „Дојдете, јадете од мојот леб и пијте вино, што го измешав; оставете ја лудоста, за да живеете, и одете по патот на разумот.