Изреки 5:1-6
Изреки 5:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Синко, внимавај на мудроста моја и приближи го увото кон зборовите мои, за да ја запазиш добрата мисла, и устата твоја да го зацврсти знаењето; зашто мед тече од устата на неверна жена, и нејзината уста е помазна од маслиново масло; но последиците од неа се горчливи како пелин, остри како меч со две сечива; нозете нејзини слегуваат кон смртта, стапките нејзини водат до пеколот. Таа не оди по патот на животот, патиштата нејзини се непостојани, таа е неразумна.
Изреки 5:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Сине мој, чуј ја мојата мудрост, наведни го своето уво кон мојата разумност, за да ја запазиш расудливоста, и твоите усни да го задржат знаењето. Зашто од усните на туѓа жена капе мед, и непцето ѝ е помазно од масло, но таа најпосле е горчлива како пелин, остра како меч со две острици. Нејзините нозе слегуваат кон смртта, а чекорите ѝ водат кон Подземјето. Таа не оди по патот на животот, патеките и се колебливи и таа не знае на каде водат.