Изреки 3:1-3
Изреки 3:1-3 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Синко, не заборавај ја поуката моја и срцето твое да ги чува заповедите мои; зашто тие ќе ти придадат долги дни, години на живот и мир. Милоста и вистината да не бидат скудни во тебе: обеси ги на вратот свој, напиши ги врз плочите на срцето свое
Сподели
Прочитај Изреки 3Изреки 3:1-3 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Сине мој, не ги заборавај моите поуки, и твоето срце нека ги чува моите заповеди, зашто ќе ти ги продолжат деновите и годините на животот и ќе ти додадат мир. Нека не те оставаат добрината и верноста, обеси ги околу својот врат, запиши ги врз плочата на своето срце
Сподели
Прочитај Изреки 3