Изреки 28:8-10
Изреки 28:8-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кој го умножува имотот свој преку камата и лихварство, тој го собира за добротворецот на сиромасите. Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквиот и молитвата му е одвратна. Кој ги упатува праведните кон патот на злото, сам ќе падне во јамата своја, а непорочните ќе наследат добро.
Сподели
Прочитај Изреки 28Изреки 28:8-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кој го умножува своето богатство со заемодавство и придобивки, го собира за оној, кој е милостив кон сиромашните. Кој го отклонува своето уво, за да не го слуша Законот, и неговата молитва е омразена. Кој ги заведува чесните на лош пат, ќе падне во својата јама, а чесните ќе го наследат доброто.
Сподели
Прочитај Изреки 28