Изреки 27:1-4
Изреки 27:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Не фали се со утрешниот ден, зашто не знаеш, што ќе роди тој ден. Нека те фали друг, а не устата твоја, – туѓ, а не јазикот твој. Тежок е каменот, тежок е и песокот; но гневот на глупавиот е потежок и од едното – и од другото. Лут е гневот, нескротлива е јароста; но кој ќе издржи против зависта?
Сподели
Прочитај Изреки 27Изреки 27:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не фали се со утрешниот ден, зашто не знаеш што може денот да донесе. Нека те фали друг, а не твојата уста, туѓинец - а не твоите усни. Каменот е тежок и песокот е тежок, ама и од двете е потежок безумниковиот бес. Јароста е свирепа и гневот е жесток, но кој ќе ѝ одолее на љубомората?
Сподели
Прочитај Изреки 27